Штрајкот заврши, машиновозачите ги пуштија возовите

0
1990

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од вчера напладне е нормализиран , јавија од Македонски Железници.

Директорот на МЖ Никола Костов, информираше дека помеѓу двете страни е постигнат договор, а само еден синдикат не го прифитал договореното.

Костов рече дека тоа било спротивно на Законот за работни односи и за одбивање работа предвидени се законски мерки, особено во време кога Македонија се соочува со мигрантска криза.

Инаку, машиновозачите ги стопираа возовите пред два дена поради неисплатени јулски плати.