Штрајкови на грчките аеродроми

0
260

Грчките контролори за летање од недела ќе одржат четири 24-часовни штрајкови во знак на протест против реформите во службата за цивилна воздушна пловидба, при што сите аеродроми ќе бидат затворени.
„Штрајковите на грчките контролори ќе се одржат во недела и понеделник (9 и 10 октомври), како и во среда и четврток (12 и 13 октомври).

Меѓународниот аеродром во Атина ќе биде затворен во текот на овие денови. „Нема да имаме ниту еден лет, ниту внатрешен, ниту меѓународен“, изјави РИА Новости претставник на служба на аеродромот.
Тој не го прецизира бројот на укинатите летови.