Шукер: Нема да не исфрлат од ЕП, само ќе не казнат

0
677

Претседателот на Фудбалската Федерација на Хрватска, Давор Шукер е разочаран од дивеењето на фановите на вчерашниот дуел со Чешка, но не очекува „Коцкастите” да бидат исфрлени од ЕУРО 2016.

Хулигани од навивачката група „Торцида” го прекинаа натпреварот фрлајќи пиротехника на теренот, а потоа направија и тепачка на трибините.

УЕФА сигурно ќе ја казни Хрватска за овој сериозен инцидент, а Иван Ракитиќ сугерираше дека европската куќа на фудбалот би можела да ги испрати „Коцкастите” дома.

Претседателот на Фудбалската Федерација на Хрватска, Давор Шукер очекува нова казна, но не и исфрлање од ЕП.