Шумски пожар беснее кај неготинско Курија

0
376

Уште е активен пожарот кај Гоцевата шума близу неготинското село Курија, кој избувна вчера околу 16 часот.

Огнот зафатил трева, лозја и дел од шумата на површина од 30 хектари.  Огнената стихија се проширила поради силниот ветер. Територијалната противпожарна единица од Неготино до еден часот по полноќ учествувала во гаснење на огнот со 8 пожарникари и три противпожарни возила. На помош им дошле и тринаесетина работници од подружницата на „Македонски шуми“ од Демир Капија со едно возило, тројца кавадаречки пожарникари со противпожарно возило и една цистерна од приватна фирма.

Од подружницата на „Македонски шуми“  најавиле и дополнителна помош.