Шумски пожар беснее во Дервенохориа

0
680

Голем шумски пожар беснее во Дервенохориа, централна Грција. Огнот се шири кон три различни насоки, соопшти синоќа грчката противпожарна служба.

Иако вчера се чинеше дека пожарот е ставен под контрола, сепак ветровите кои дуваа во вечерните часови го разгореа огнот и запалија нови пожари во непристапни клисури каде е невозможно да се испратат екипи или возила. Од противпожарната служба велат дека засега не се загрозени населени места. Пожарот е распространет на неколку илјади километри и досега не е извршена проценка на предизвиканата штета.

Воздушните противпожарни екипи ја прекинаа работата во текот на ноќта и ќе продолжат со работа утрово.

Пожарот беснее веќе четврти ден.  Во негово гаснење учествуваат 300 пожарникари и 74 противпожарни возила. Армијата, исто така, испрати околу 100 војници и 17 булдожери да копаат ровови.