Шумски пожари беснеат во Португалија

0
371

Повеќе од две илјади пожарникари се распоредени во северните делови на Португалија во саботата вечерта за справување со 79 пожари, од кои три се големи, а во текот на гаснењето двајца пожарникари се повредени.

Еден од трите големи пожара избувна во петокот попладне во шумска област околу села оддалечени помалку од 20 километри од Порто. Во гаснењето на овој пожар се повредени двајцата пожарникари, едниот од вдишување чад, а другиот од пад.

Неколку пати огнот опасно им се приближил на куќите во селото Мелрес ет Медас, каде жителите им помаат во контролирање на пожарот. Во саботата ноќта во борбата против пожарот во оваа област биле испратени дополнителни 150 пожарникари, два авиона и еден хеликоптер.

За вториот голем пожар, во Рабајала, педесетина километри од Гуарда, мобилизирани се повеќе од 200 луѓе, два авиона и еден хеликоптер.

Досега ова лето Португалија релативно беше поштедена од пожари, споредено со 2013 година, која во земјата изгореа 150.000 хектари шума./крај/мф/сн