Шундовски „гази„ со новиот клуб во Романија

0
377

Бившиот селектор на Македонија, Звонко Шундовски од клупата на ЦСМ Букурешт славеше голема победа на гостувањето против актуелниот шампион на Романија, Минаур Баја Маре. Битолчанецот ја предводеше својата екипа до триумф од 30:25 (16:13) во натпреварот од 3 коло во романскиот шампионат. Ова го потврдува перфектниот старт на новата екипа на Шундовски. По успесите со Констанца искусниот стручњак сека е на пат да ги повтори истите резултати и со ЦСМ Букурешт.