Шутка панаѓур во Битола

0
3728

Предновогодишен Шутка панаѓур во Битола. Младо старо викендов сите на панаѓур. Производи што би се рекло од „игла до локомотива“. Текстил, обувки, хемиски препарати, машини , апарати, се на едно место. Во пресрет на Новата имаше и новогодишни украси. Трговци од цела Македонија, викендов од пазарот во Шутка се распослаа на влезот од Битола кај кружниот тек на Дулие . Три дена вриеше од луге, граѓаните мака мачеа додека да најдат за паркинг место. Најверојатно трговците имаа добра заработка, пред се поради нешто пониските цени што ги нудат од дуќаните во градот.

Оваа локацијата е релативно нова каде што се прават панаѓури. До пред неколку години местото на панаѓурите беше во Нова Битола, а пред тоа и на паркингот кај спортската сала.Битолските продавачи забележуваа дека тоа е нелојална конкуренција, бидејќи тие за секоја продаден производ давале фискална сметка, а на трговците од Шутка граѓаните им купувале производи во готово без фискална сметка и тие практично немале никакви давачки кон државата

Многу полемики околу легалноста на панаѓурите. Локалните власти велеа дека се прават на приватен имот и дека тие немале ингеренци, упаувајки по одговори на адресата на УЈП, пазарната инспекцијата, трудовата и слично.Организаторите се правдаа дека сето тоа си го регулирале, а критичарите забележуваа за како што велат грдата слика која не и доликува на градот Битола.
Но изгледа грдата слика за градот, тоа што нема гардероба каде да се проба пример алиштето, дека алишата се продаваат без фискалална сметка, и тоа што кал има, граѓанинот не го интересира. Неговиот интерес е да заштеди некоја илјадарка од буџетот со кој што располага, а и прашање е дали заштедил.

Вообичаено панаѓурот со години наназад се организира во Битола пред новогодишните и велигденските празници.