Швајнштајгер стана српски зет

0
961

Спортските асови Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ попладнево се венчаа на романтична церемонија во Венеција. Црковната венчавка е закажана за утре. Свадбата ќе трае три дена.

Венчавката, која се држеше во најголема тајност, се одвивала попладнево во Венеција. 31-годишниот фудбалер и германски репрезентативец Швајнштајгер и 28-годишната српска тенисерка Ивановиќ се венчале во присуство на семејствата и најблиските пријатели. По церемонијата во општината, парот со гондола се упати кон хотелот „Аман“ каде е закажана прославата која, според проценките во медиумите, ќе чини околу еден милион евра.