Швајцарија го отвора најдолгиот тунел во светот

0
2190

Во Швајцарија ќе биде отворен најдолгиот тунел на светот наречен Готар кој ќе преминува низ срцето на швајцарските Алпи и ќе го поврзува централниот кантон Ури со југот на земјата.

Тунелот е долг 57 километри, чинел околу 12 милијарди швајцарски франци, го граделе 2400 работници, а свечено ќе биде отворен во среда.

Сега патувањето со воз од Цирих до Милано ќе трае два часа и 40 минути.