Швајцарските војници дрогирани ги чувале светските лидери

0
410

Војници распоредени во швајцарскиот град Давос, за време на Светскиот економски форум, задолжени за безбедноста на светските лидери, се испратени дома, бидејќи користеле канабис и кокаин, соопшти швајцарската армија
Воената полиција била повиканa да истражи една единица, по најавите за употреба на дрога, изјави воениот портпарол Стефан Хофер за Би-Би-Си.
Според анализата, 12 војници користеле канабис, а пет од нив консумирале кокаин.
Швајцарската армија распореди 4.500 војници на Светскиот економски форум. Хофер, рече дека е важно војниците да се способни за должност и можат да возат.