Швајцарците на референдум за напуштање на нуклеарната енергија

0
204

Во Швајцарија денеска тече референдум за напуштање на нуклеарната енергија, а доколку победи таа опција, до 2029 година ќе биде затворена и последната од петте швајцарски нуклеарни електрани од кои се обезбедува 40 проценти од потребите за струја во земјата.

како и во други држави по катастрофата во Фукушима, Јапонија, Швајцарија вети дека ќе ја напушти нуклеарната енергија во следните години, но антинуклеарните групи тврдат дека планот на владата не е доволно брз, па запчнаа иницијатива за рефереднум за забрзување на тој план.

Анкетите навестуваат тесна трка по прашањето на кое Швајцарија може да тргне по патот на Германија. Имено, таму забрзано се преминува на обновливи извори на енергија како што е соларната, со што до 2022 година- рокот што си го зададе земјата- во целост да ја напушти нуклеарната енергија.

Во рамки на енергетскиот план со рок до 2050 година, Швајцарија се согласи да не ги заменува постојните нуклеарни централи, туку да работат додека се смета дека е безбедно, а владата во меѓувреме да преоѓа на други извори на енергија како соларната, ветерот или енергијата од биомаса.

Но, групата со име „Да ја напуштиме нуклеарната енергија“ смета дека нуклеарниот енергетски комплекс во Швајцарија е опасен, застарен и проблематичен и истакнува дека е време да се воведе дефинитивен временски план до 2029 година како последен рок за раскинување со нуклеарната енергија.