Шведска воведува построги правила за прием на бегалци

0
262

Шведската влада ќе ги заостри правилата за прием на бегалци. Планирано е новиот закон да стапи во сила на 20 јули и да важи за период од три години.

Со него се предвидува миграциските власти на Шведска да добијат право да им издаваат на бегалците дозвола за времено живеалиште во рок од три години, наместо досегашното постојано живеалиште.
Предвидено е и ограничување на правото за повлекување на роднините, како и построги одредби во однос на приходните на бегалците, кои сакаат во Шведска да дојдат со своите семејства.