Шведски „Кампер“ удрил во мотоцикл управуван од 13 годишен битолчанец

0
1682

На 06.09.2017 година околу 14.30 часот во Битола, на локалниот пат за с.Бистрица, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Кампер Фиат Арка Скаут“ со шведски регистарски ознаки, управувано од К.С. (60) од Битола со живеалиште во Малме-Шведска удрило во мотоцикл „Јиајуе“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 13-годишник од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 13-годишникот, кој бил пренесен во Клиничка болница Битола
каде е задржан на понатамошно лекување. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.

Без коментари