Шведските донатори во контрола на Клиничка болница

0
886

Шведските донатори во контрола на Клиничката болница. Она што го донираа како кревети и медицински помагала дојдоа да го видат.

Донаторите беа во присуство на Мариа Русенгрен која што е битолчанка , а живее во Шведска, и досега со својата организација донирала повеќе пати како во Клиничката Болница така и во ОУ Ѓорѓи Сугарев во Битола

Директорот на медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“-Битола, Василе Најдовски информираше дека медицинска опрема и помагалата се дел од континуираната соработка меѓу битолската Клиничка болница и пријателите што ги има овој регионален здравствен центар во Шведска.

Хумантарната организација за помош и солидарност донира во 25 држави во светот и, како што истакна нејзиниот претставник Ларс Шуберк, желбата за поддршка на граѓаните во Македонија ќе продолжи.Очекуваат институционално олеснување на постапката и процедурите при доделување на хуманитарна помош од Шведска во Македонија.