Си-До ќе ја распее Битола

0
1319
СИ-ДО, еден од најстарите детски фестивали во Македонија, се роди како резултат на долгогодишната музичка традиција на Битола.
Во 1991 година ова манифестација го добива денешното, многу популарно име Дете-фест „СИ-ДО” или скратено само СИ-ДО, во чест на името на познатиот битолски музички педагог, композитор и диригент Петар Сидовски.
Оваа година ќе се одржи 20 тото јубилејно издание а подготовките се при крај. На ова издание ќе учествуваат 18 учесници.
Некои од музичките надарени деца учесници на овој фестивал, денес се познати пејачи на македонската естрада меѓу кои Каролина Гочева, Димитар Андоновски и други.
20 тото јубилејно издание ќе се одржи на 22 ри април.
Детскиот фестивал Си до, има соработка со повеќе меѓународни детски фестивали. Од последното учество во  Бугарија и Србија,  се вратија со награди.
Денес, овој детски музички фестивал има значајно место во културниот живот на градот, како и на многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите.

Без коментари

LEAVE A REPLY