Си направиле селфи со хотелот во пламен и станаа најомразениот пар во светот

0
451

Во голем пожар, што за новогодишната ноќ го зафати луксузниот хотел вo Дубаи, загина најмалку едно лице, а уште петнаесет се повредени. За време на несреќата, еден љубовен пар позираше со хотелот во пламен за, како што им коментираат, „најважното селфи досега ”.

Покрај фотографијата на која во позадина се гледа како хотелот е уништен од огнените јазици, двојката искоментирала: „Среќна Нова година Дубаи. Нека Господ ве благослови и ве чува на сигурно, секогаш нè изненадувате со најголем огномет“.

Оваа фотографија ги запали социјалните мрежи луѓето ширум светот, каде јавноста ја осуди љубовната двојка  со коментари дека тоа што го направиле не е пристојно.

Инаку, хотелот „Адрес даунтаун Дубаи“, во четвртокот вечерта беше зафатен од пожар, неколку часа пред големиот новогодишен огномет.