Сигал доби ѕвезда на Московската алеја на славните, ќе се ангажира за леопардите

0
576

Актерот Стивен Сегал, една од низата американски ѕвезди приврзани на Русија, ја доби во неделата својата ѕвезда на Московската алеја на славните, вети дека ќе се ангажира во заштитата на далекуисточните леопарди и раскажа дека Американците „ја сакаат“ Русија.

Ѕвездата на холивудските акциони филмови допатува во Москва поради овој настан од Владивосток, на рускиот далечен исток, од каде што потекнувала неговата баба, наводно од руско монголско потекло.

„Стивен Сегал говореше кусо, но им делеше автограми на своите обожаватели“, соопшти агенцијата за односи со јавноста „Crocus Group”. Притоа рекол дека ѕвездата на Московската алеја на славните му значи многу и им се заблагодари на жителите на руската престолнина на срдечниот дочек.

Неговата е 19-та ѕвезда на Московската алеја на славните, во која вакво обележје имаат и други славни Американци, како Бредли Купер, Роберт Дениро, Мила Јовович, Карлос Сантана, Глорија Гејнор, Антонио Бандерас, Доналд Трамп, Џон Кузак и други.

Сигал последните месеци често гостува во Русија, каде во регионот Јакутија е во потрага по своите корени. Пријател е со рускиот претседател Владимир Путин, кого го нарече „брат“ и еден од „најголемите живи светски лидери“.

Во петокот на маргините од Источниот економски форум во Владивосток, Сигал објави дека има намера да се заложи за зачувување на ретката популација на далечноисточниот леопард. „Сакам да ја искористам својата личности и името, за да им помогнам на леопардите“, изјави актерот.

Но Сегал во текот на својот престој се задржа и на руско-амриканските односи, кои во последните години се на најниското ниво од крајот на Студената војна поради украинската криза. Одговарајќи на новинарски прашања на оваа тема, тој рече дека Вашингтон и Москва мора да одржуваат добри односи.

„Некои политичари играат пропагандистички игри, но Русија и САД мора да ги одржуваат добрите односи. Многу Американци ја сакаат Русија, а многу Руси ја сакаат Америка“, порача Сигал и одговарајќи на критиките во некои американски медиуми за неговата сегашна посета и близина со Путин, рече дека „таквите коментари не го одразуваат мислењето на американскиот народ“./крај/мф/сн