Сиjарто: Македонија одамна требаше да биде во НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ

0
260

Петерс Сиjaрто  го поддржи брзото започнување на преговори меѓу ЕУ и Македонија.

Минатата година во ЕУ имаше една нелогично ситуација. Се очекуваше од земја која не е членка на ЕУ да ја чува Шенген зоната на бегалци, кои влегуваат во ЕУ од земја членка на Унијата, а потоа минуваат низ земји кои не се членки. Од друга страна ЕУ не е подготвена да започне преговори за членство со Македонија. Тоа, го призна унгарскиот министер за надворешни работи Петерс Сијарто во Скопје, додавајќи дека оваа ситуација е неприфатлива.

Тој исто така изјави дека Будимпешта ќе се заложи за отпочнување на преговорите со ЕУ, што е можно поскоро. “Знаеме дека има една соседна држава, која сигурно ќе стави вето. Сметам дека билатералните прашања треба да бидат решени, но не мислам дека тие се аргумент за блокирање на почетокот на преговорите за членство. Затоа бараме  од сите пријатели да не ставааат вето за почеток на преговорите на Македонија “, рече уште унгарскиот дипломат. Според неговите зборови би требало Скопје одамна да е член на НАТО, а преговорите за членство треба да бидат започнати пред многу  години. Во врска со миграциската криза тој рече дека само делумно е точно тврдењето дека приливот на луѓе во Европа се должи на договорот меѓу ЕУ и Турција. “Другиот дел од вистината е дека плимата на бегалци се намали, бидејќи земјите од Западен Балкан одлучија да ги контролираат своите граници … Во моментов ние се потпираат на Македонија”, рече дипломатот.

Без коментари

LEAVE A REPLY