„Силата на баба“ победи во Новаци

0
2222

Домаќинките од Новаци и Могила ги одмерија силите во подготовка на традиционални автентични јадења на гастрономскиот натпревар, кој што се одржа во рамки на манифестацијата „Македонска етно венчавка“.Двете екипи се надеваа на победа. Велат дека за подготовка на традиционални автентични јадења е потребно голем труд и љубов.

Натпреварувањето беше во 5 категории на индивидуални трудови, и една категорија на екипно натпреварување.Се натпреваруваа во „Подготовка и сервирање на маса за свадба“.

-Се работи за градинарски салати исклучиво производи од органско потекло. Има категорија во Пелагониско органско мезе, категорија во подготовска на ладни и топли предјадења, категорија на месено, сукано и печено, селско јадење на софра од огништето на баба , и подготовкс на слатки јадења, изјави Никола Каровски, туристички работник


Целта на овај гастрономски натпревар е унапредување и развој на туризмот во Р.Македонија. Стручна комисија во состав проф д-р Борис Ангелков, туристичкиот работник Никола Каровски и Драган Буквиќ, мајстор готвач, беше задолжена за отценување на јадењата, и по вкус и по изглед и по начин на сервирање.


-Бидејќи се работи за исто поднебје Пелагонсиско, се јадења кои што се тешки за правење. Денеска домаќинките прават јадења кои што се комбинација помеѓу новите продукти и старите со задржување на органска храна, за на крај да видиме како изгледа сетоа тоа да се направи „Подготовска и сервирање на мааса за свадба“, изјави Драган Буквиќ мајстор готвач.


Се пристапи кон отценување на подготвените јадења. На крај стручното жири одлучи дека вештите раце на домаќинките „Силата на бабата“ од општина Новаци, подобро и повкосно ја направиле масата за свадбата.Истите беа награден од стручното жири.

Инаку годинава за прв пат се орджа гастрономскиот натпревар во рамки на манифестацијата „Македонска етно свадба“, чиј носител е „Центарот за едукација и негување на традцијата и фолклор „ЕТНО ИЛИНДЕН “ Битола , и „Центар за обука и примена“ Битола. Организацијата е на Културно иновативниот клуб и Општина Новаци.