Силата на слободата ги воодушеви битолчани

0
147

Во срцето на Битола, пред центарот за култура се одржа настанот -спој на мода, танц, музика.Под наслов -Силата на слободата, битолчани имаа можност да ја погледнат модната ревија на дизајнерката Анастасија Зулевска ,проследена со шоу перформанс како и перформансот Fly Project II на Стефанија Милевска .

Анастасија има 20 годишно искуство како моден дизајнер , организатор е на околу 50 тина модни ревии , со уникатни модели , перформанси , културни настани кои се поврзани со деца и млади , како и проектот “Битола Те Сакам”.

На ревијата нејзините модели ги носеа спортисти, актери, музичари кои одлично се снајдоа на модната писта.

Голем е бројот на настапите на Стефанија, а исто така и бројот на нејзините освоени награди како истакнат соло изведувач. Таа одржа многу концерти низ цела Македонија, со својот бенд Блуејсис

Нејзините соло концерти, перформанси и мјузикли, се состојат од танц , актерство и пеење .Дел од нејзините проекти во кои учествува се Music all, перформансите Fly Project,Вечерна романса ,претставата Со љубовта шегување нема и други.
На настанот таа го промовираше својот прв албум.

Без коментари

LEAVE A REPLY