Силата на слободата-викендов пред битолчани

0
186

В недела 12 -ти јули, во срцето на Битола, пред центарот за култура ќе се одржи настанот -спој на мода, танц, музика.Под наслов Силата на слободата, битолчани ќе имаат можност да ја погледнат модната ревија на дизајнерката Анастасија Зулевска ,проследена со шоу перформанс како и перформансот Fly Project II на Стефанија Милевска .

Анастасија има 20 годишно искуство како моден дизајнер , организатор е на околу 50 тина модни ревии , со уникатни модели , перформанси , културни настани кои се поврзани со деца и млади , како и проектот “Битола Те Сакам”.
Голем е бројот на настапите на Стефанија, а исто така и бројот на нејзините освоени награди како истакнат соло изведувач. Таа одржа многу концерти низ цела Македонија, со својот бенд Блуејсис. Нејзините соло концерти, перформанси и мјузикли, се состојат од танц , актерство и пеење .Дел од нејзините проекти во кои учествува се Music all, перформансите Fly Project,Вечерна романса ,претставата Со љубовта шегување нема и други.
Настанот Силата на слободата е со почеток од 20 часот и 30 минути.
Неда Маретиќ