Силен тајфун им се заканува на Филипините, евакуирани околу 750.000 луѓе

0
389

Стотици илјади луѓе се евакуирани од централниот дел на Филипините во понеделник во очекување на тајфун со ветришта со брзина од 185 километри на час, носејќи дождови кои би можеле да предизвикаат поплави и одрони, предупредија властите.

Околу 40 домашни летови се откажани, а 73 траекти и стотина рибарски чамци морале да останат во пристаништето бидејќи тајфунот Мелор го погоди селото Батаг, на северниот дел на островот Самара.

Локално познат како тајфун Нона, се очекува да помине преку блиските острови пред да удри со целата силина врз подрачјето во близина на Сорсогон, околу 385 километри југоисточно од главниот град Манила, на густо населениот остров Лузон.

Тајфунот Мелор минува по сличната рута како и тајфунот Хаиџан, означен со категорија 5, кој во 2014 година тешко го погоди островот Самар. Во тој тајфун смртно страдаа или исчезна 8.000 луѓе.

Властите привремено ги затворија училиштата и некои канцеларии, а воедно и евакуираа околу 750.000 луѓе во три покраини.

Околу 8.000 луѓе се уште чекаат евакуација откако крајбрежната стража на траектите и рибарските чамци им забрани да ги напуштаат пристаништата во централниот дел на Филипините. /крај/хн/ст