Силен тајфун направи хаос на Филипините

0
253

Силниот тајфун Копу од утрово „дивее’’ на Филипините. Предизвикан од огромните таласи високи четири метри, силниот ветер уништи голем број на куќи и објекти.

Евакуирани се 10 000 луѓе и за среќа нема човечки жртви.

Тајфунот на Филипините донесе силен дожд и ветер, кој предизвика поплави и оштети патишта, мостови и електроенергетскиот и комуникацискиот систем.

Метеоролошката служба прогнозира дека невремето ќе се задржи над најголемиот филипински остров Лузон и во следните три дена.