Силен ветер во недела и понеделник

0
789

Силно невреме ќе ја зафати земјава во недела попладне. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека под влијание на изразено јужно струење на воздухот, во недела и понеделник ќе дува силен југоисточен ветер кој ќе достигне брзина од 70 до 90 километри на час.

Поизразен ветер и со голема брзина ќе дува долж Повардарието и во источниот дел од земјава. Метеоролозите веќе за понеделник најавуваат и врнежи од дожд.