Силен земјотрес го погоди Чиле

0
308

Властите во Чиле веднаш наредиле превентивна евакуација на регионот околу тој приморски град во случај од цунами, но брзо ја повлекла таа одлука.

Земјотресот со јачина од 7,1 степени по Рихтер го погодил Чиле, а епицентарот бил 35 км западно од приморскиот град Валпараисо, соопшти Американскиот Геолошки институт.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, а сведоци велат дека во чилеанската престолнина Сантјаго, оддалечена 60 км се треселе зградите.

Властите во Чиле веднаш наредиле превентивна евакуација на регионот околу тој приморски град во случај од цунами, но брзо ја преиначиле одлуката бидејќи Поморскиот и пацифички центар за предупредување на цунами соопштил дека не се очекува цунами.