Силен земјотрес го погоди Сплит

0
3225

Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтерова скала го погоди подрачјето на северозападен Балкан, соопшти Сеизмолошкиот завод. Претходно беше јавено дека земјотресот имал магнитуда од 5,1 степен.

Земјотрес го погоди подрачјето на Јадранското море недалеку од Сплит, а потресот се почувствуал во Макарска, на Хвар, како и во Босна и Херцеговина.

Според првичните податоци достапни на официјалната страница на Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот е регистриран на отворено море, осум километри југозападно од Сплит.

Без коментари

LEAVE A REPLY