Силен земјотрес ја погоди Индонезија

0
193

Земјотрес со интензитет со 6,2 степена според Рихтерова скала ја погоди морската област покрај брегот на западниот дел од Индонезија, соопштија американски сеизмолози.

Засега нема нови информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту опасност од цунами.

Земјотресот го погоди островот Ментаваи во провинцијата Западна Суматра, на околу 75 километри југозападно од главниот град на провинцијата Паданга, соопшти Американскиот геолошки завод.

Епицентарот на потресот е регистриран на длабочина од 49 киломтери под површината на земјата.

Без коментари