Силен земјотрес ја погоди Кина

0
272

Земјотрес со интензитет 6.1 степени по Рихтер го потресе западниот кинески регион Ксинџијанг, соопштуваат агенциите. Нема податоци за жртви или штета од земјотресот.

Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, потресот е со магнитуда 6 степени по Рихтер. Земјотресот е регистриран малку по 5 часот утринава.

Потресот бил почувствуван и во Казахстан, но не се соопштува за жртви и причинета материјална штета.