Силен земјотрес кај Јанина, почувствуван и во Битола

0
4956

Вечерва во 22:14 минути е регистриран силен земјотрес кај Јанина во Грција со магнитуда од 5.3 степени според Рихтеровата скала. Жариштетот на земјотресот бил на 21 километар длабочина.

Многумина во Битола во истото време велат дека почувствувале тресење. Исто така и жители на Скопје пишуваат по социјалните мрежи дека почувствувале земотрес.

Интернет страницата на која се регистрирани последните земјотреси во светот, во моментов не функционира.