Силен земјотрес крај брегот на Чиле

0
415

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен по Рихтер го погоди денеска Чиле, соопшти Геофизичкиот институт на САД, пренесува ТАСС.

Епицентарот на потресот бил во близина на централниот дел на чилеанското крајбрежје, во близина на Кокимбо, на длабочина од 23 километри.

Нема информации за жртви и материјална штета, ниту опасност од појава на цунами.

Во четвртокот Чиле беше погоден од моќен земјотрес со интензитет од 8,4 степени во кој загинаа 12 лица, а близу милион беа евакуирани.