Силен земјотрес на Филипини

0
485

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер денеска го погоди југоистокот на Филипини, соопшти Американскиот геолошки институт.

Земјотресот се случил утрово во 6.13 часот, а е измерен на длабочина од 617 километри под морето.

Според извештајот на Институтот епицентарот е лоциран на 190 километри оддалеченост од градот Табиауан, каде во радиус од 100 километри нема населени места.

Според досега достапните извештаи, нема опаснот од цунами.

Иако мала е веројатноста за жртви и штети, Институтот издаде зелено предупредување за земјотреси.