Силен земјотрес од 6,7 степени во Егејско море, двајца загинати

0
1585

Најмалку две лица загинаа, а 170 се повредени во земјотресот со јачина од 6,7 степени кој се случи ноќеска во Егејското море во близина на популарнитте грчки и турски туристички дестанации.

На грчкиот остров Кос, најмалку две лица загинале, а 100 се повредени. Во турското летувалиште Бодрум, околу 70 повредени се пренесени во болница.

Земјотресот се случил во 22.31 часот по средно европско време, на длабочина од 10 километри. Грчките власти испратиле хеликоптери за да ги префрли повредените на грчкиот остров Родос.

Турските власти го предупредиле населението на можни понатамошни потреси. Европската агенција за земјотрес соопшти дека би можело да дојде до појава на помало цунами, но турската телевизија соопшти дека можно е да дојде само до поголеми бранови.

24vesti.com.mk

Без коментари