Силен земјотрес во Јапонија

0
248

Силен земјотрес од 7.3 јачина го погоди северо-истокот на Јапонија, недалеку од Фукушима, објави Националната метеролошка агенција која исто така предупреди дека постои ризик од цунами.

Потресот се случи во 05.59 часот по локално време односно пред еден час, на длабочина од 10 км и ризик за бранови од три метри на брегот на Фукушима.

Жителите на островот Хоншу и Токио и разбуди милиони граѓани во регионот. Овој регион беше погоден од силен земјотрес во 2011 година.

Операторите на нуклеарните централи изјавија дека ги набљудуваат податоците на овие инсталации помеѓу кои е и централата во Фукушима. Тие изјавија дека досега не е забележана нова аномалија. Сепак, сите централи во регионот беа исклучени.