Силен земјотрес во Јапонија

0
530

Силен земјотрес го погоди во вторник југот на Јапонија, но засега нема информации за штети или евентуални жртви, а нема ниту информации дали е прогласено предупредување за цунами.

Потресот со магнитуда од 6,2 степени според Рихтер се случил на 10 километри длабочина, во близина на островот Мијако во јужниот архипелаг Окинава, објави Американскиот геолошки институт.

Јапонската метеоролошка агенција предупреди на помали промени во нивото на морето, но не и на опасност од цунами.

Островот Мијако, кој има 55 илјади жители, сместен е на околу 1840 километри југозападно од Токио. /крај/он/ст