Силна бура во Полска

0
171

Tериторијата на Полска во изминатата ноќ беше зафатена од силна бура, што најтешко ги погоди западните делови на земја, јави ТАСС.

Службите за вонредни ситуации соопштија дека едно лице загинало откако дрво паднало врз неговиот автомобил, како и дека илјадници домаќинства се без електрична енергија. Десетици куќи останале без покрив, а од паднатите дрвја е блокирано движењето по главните патни и железнички линии.
Поради лошото време во Катовице не успеа да слета чартер авион од Турција, по што тој е пренасочен кон аеродромот во Братислава, во Словачка.