Силна експлозија на Филипините, најмалку 10 загинати

0
194

Силна експлозија се случи на пазар во градот Давао на Филипините, при што најмалку 10 луѓе загинаа, а 60 се повредени.

Сведоци наведуваат дека се слушнала само една силна експлозија, по што се издигнал чад. На местото на експлозијата се наоѓаат екипи на итна помош.

Инаку, Давао е родниот град на неодамна избраниот филипински претседател Родриго Дутерте. /крај/бл/ст