Силна експлозија во Аеродром кај зградата на СВР Скопје

0
336
Во близина на зградата на СВР-Скопје во скопски Аеродром се случила силна детонација околу 15 минути по полноќ. Нема повредени лица, оштетени се прозорски стакла и три возила.
Како што изјави за МИА помошник министерот за внатрешни работи Иво Котевски, ноќеска непознат сторител дошол во близина на зградата на Секторот за внатрешни работи во Скопје и фрлил експлозивна направа која експлодирала на работ од тротоарот на паркингот во близина на објектот.
– Веднаш е излезено на лице место, подигнати се траги за вештачење. Непознатиот сторител откако ја фрлил експлозивната направа избегал, појасни Котевски, додавајќи оти според првичните сознанија, најверојатно се работи за рачна бомба.

Без коментари

LEAVE A REPLY