Силна експлозија во станбена зграда во Волгоград

0
448

Две лица загинаа, а седум други се повредени при експлозија на гас во четирикатна станбена зграда во Волгоград, Русија. Уништени се речиси 16 апартмани, а 10 од нив веќе не постојат, соопштува РИА Новости. Еден од влезовите на зградата е целосно уништен.

Во моментот на инцидентот таму се наоѓале 14 лица. Не е исклучено под урнатините да има уште луѓе. Експлозијата била толку силна што прозорците на соседните згради се искршени. На местото работат спасители.