Силна експлозија во центарот на Париз

0
368

Паника и евакуација во Париз, поради силна експлозија што одекна попладнето во центарот на француската метропола. Најмалку 17 лица се повредени во експлозијата која уништи дел од зграда. Еден пожарникар е потешко повреден откако бил зафатен од пламени јазици, а десет други се со полесни повредеи.

Причина за експлозијата е истекување на гас во еден од становите по што избило пожар. Веднаш по инцидентот, полицијата ги евакуирала учениците од училишнате кантина, што се наоѓа до зградата во која се случила експлозијата.

На местото на експлозијата пристигнале неколку противпожарни возила, а полицијата го блокира целиот регион околку зградата поради опасност од нов терористички напад.