Силниот ветер во Битола предизвика штети

0
1304

Силниот ветер во Битола утрово предизвика одредени штети во делови на градот. Некаде покриви биле откорнати од објекти, во друг случај дрво направи штета врз автмобил во Нова Битола, во трет билборд е урнат од силниот ветер.

 

Според метеоролозите на УХМР, денес ќе преовладува променливо облачно време и релативно топло за овој период од годината.

Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, но ќе дува засилен ветер од југозападен правец. По котлините, особено во утринските часови ќе има појава на утринска магла.

Од среда се очекува спуштање на постуден воздух од север, ќе има опаѓање на температурата воздухот, што ќе предизвика врнежите на некои од повисоките места и на планините да преминат во снег.