Силно невреме го зафати Дубровник

0
897

Невреме со дожд го погоди  поширокото подрачје на Дубровник и за саат време, помеѓу 13 и 14 часот, температурата се спуштила за десет степени, а толку се смрачило што било пуштено јавно осветлување.

Како што пренесуваат хрватски локални медиуми, поради силните грмотевици без струја останале Млјет и дел од Пељешча.

Жителите на овие места брзо граделе насипи во Трстеник и други места од страв дека силните дождови ќе предизвикаат клизалишта и поплави поради опустошениот терен.