Силно невреме предизвика штети во западна Србија

0
815

Поројниот дожд, проследен со град и грмежи кој синоќа го погоди западниот дел на Србија предизвика штети на патната инфраструктура и на земјоделските насади.

Најпогодени територии од невремето биле општините Чачак, Горњи Милановац, Пожега, Косјериќ, Бајина Башта и делови од Лучане, а според податоците на метеоролозите наврнале и до 60 литри дожд на метар квадратен.

Како што јавуваат српските медиуми поради поројните дождови поплавени биле дел од улиците во општините и подрумите на повеќе станбени објекти.