Силно невреме во Охрид

0
1218

Силен пороен дожд вечерва, нешто по 18 часот, го зафати Охрид. За само десетина минути, дождот улиците ги претвори во реки, предизвика потешкотии во сообраќајот, но и сериозни проблеми за граѓаните што живеат во пониските делови на градот.

Атмосферската канализација не може да ја прими водата од дождот и таа се враќа назад на коловозите. Во стариот дел на градот, во најниските делови, угостителските објекти се заштитуваат од надојдената вода со вреќи.

mkd.mk