Симпозиум за манастирот Св Јован Претеча во Демир Хисар

0
234

Во приквечерието на денот на раѓањето на Свети Јован Крстител и големиот христијански празник Иванден како и почетокот на традиционалното Демирхисарско културно лето денес се одража меѓународна конференција на тема „ Манастирот Св. Јован Кристител, Слепче-духовен, книжевен и уметнички центар”. На симпозиумот се претсавија 17 автори од Македонија, Бугарија и Србија .Со овој настан Демир Хисар и Демирхисарско стануваат центар на македонската наука и култура, која што ќе го крепи духот на македонскиот народ ,рече меѓу другото академик Владо Камбовски

Идејата за организирање и одржување на ваков научен собир со меѓународен презнак се роди, заживеа а денеска и се оставрува , во меѓувремето по одржувањето на минатогодишната милиниумска прослава на настани поврзани со трагичната одисеја на војската и смртта на Цар Самоил, а во историски контекст на манастирот Свети Јован Крстител , рече градоначалникот на Демир Хисар Љупчо Блажевски
Собирот се одржува под покровителство на градоначалникот и општина Демир хисар во партнерство со МАНУ преспанско пелагониската епархиоја , братството на манастирот Св. Јован Крстител Слепче, истражувачкиот центар за културно наследство, европскиот универзитет ЕСРА и средното училиште Крсте Петков Мисирков
На симпозиумот а со одлука на Советот на општина Демир Хисар Академик Цветан Грозданов беше награден за посебен и значаен придонес за општината.Исто така беше отворена и изложба на факсимили од значајни книжевни дела создадени за манастирот.