Син до смрт го избодел својот татко

0
548

Крвава семејна драма се случувала синоќа на улицата „Чедомир Кантарџиев“ во Скопје, кога син со остар предмет до смрт го избодел својот татко.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен во 22:15 часот од страна на сосетката која слушнала како нејзините соседи се тепаат, но и бараат помош.

Полициски екипи излегле на местото на настанот, при што е констатирано дека имало семејна расправија помеѓу Љ.Т. (68) и неговиот син И.Т. (41). Полицијата, таткото го пронашла како лежи со убодни рани, а смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Сведок на крвавиот настан била сопругата на убиениот маж. Таа рекла дека додека со Љ.Т. седеле во дневната соба, дошол синот кој ја скршил влезната врата, влегол внатре, по што неа ја избркал од собата и започнал татка си да го влече. Набрзо потоа му нанел неколку убодни рани со остар предмет, по што избегал.

Во текот на ноќта, синот се јавил во Ургентниот центар за укажување лекарска помош поради расекотина која ја имал на левата рака, по што бил приведен од страна на полицијата.

Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а се преземаат мерки за целосно расчистување на убиството.

Без коментари