Синоќа два земјотреса почувствувани во Охрид, Битола и Ресен

0
909

Синоќа во 22.39 часот и во 22.41 часот Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија регистрира два земјотреси чии епицентри се наоѓаат околу 35 километри јужно од Битола, во соседна Грција.

Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во Охрид, Битола и Ресен со интензитет од четири степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.