Синот на Ердоган е „министер за нафта“ на Исламска држава?

0
365

Во последно време обвиненијата на сметка на владејачкото турско семејство Ердоган се нижат. Билал Ердоган, синот на претседателот на Турција, во својата биографија има голем број „непријатни“ моменти, пишува германскиот весник Ханделсблат.

Билал пред две години беше осомничен за перење на парите на својот татко. Доказниот материјал вклучуваше и фотографии и транскрипти од разговори меѓу Билал и Реџеп, а во 2014 во јавноста се појави и снимка од телефонски разговор во кој се спомнуваше исплата на десетици милиони долари.

В медиумите тие пари се врзауваа за коруптивните активности околу изградбата на нафтовод. Таткото Ердоган ја прогласи снимката за лажна и ја отфрли како монтирана.

Сега се лансирани нови обвиненија. Сирискиот министер за информирање Омран Ал Зуби откри дека Исламска држава испорачува нафта на претпријатие во сопственост на Билал Ердоган.

 Ал Зуби тврди дека Билал од терористите кушува енергетски суровини, но и артефакти од историска важност. Други критичари на синот на Ердоган  истакнуваат дека тој во азиските земји ја препродава украдената нафта од деловите на Ирак кои се под контрола на терористите, поради што го доби прекарот „министер за нафта на ИСИС“.

Таткото Ердоган изјави дека е спремен да поднесе сотавка доколку матните врски меѓу него и неговото семејство и нафтниот бизнис со Исламска држава се докажат.

www.mkd.mk