Синот на Кљусев уапсен во САД за „дистрибуирање наркотици“

0
588

Људмил Кљусев, синот на првиот премиер на независна Македонија Никола Кљусев, бил уапсен во САД под обвинение за „нелегално дистрибуирање наркотици“ објави „Ферфилд дејли војс“.

Според „Ферфилд дејли војс“, кој што се повикува на обвинителниот акт, Кљусев е осомничен дека на пациенти им препишувал големи количества лекови Адерал и Занакс (попознат како Хелекс) во ординацијата во градот Милфорд, Конектикат, каде што работи како психијатар.

Пациентите му плаќале во готово, па затоа е обвинет и за перење пари, пишува „Ферфилд дејли војс“.

Кљусев, кој живее во градот Ферфилд, а работи како психијатар во Милфорд, бил уапсен на 12 ноември во неговиот дом, а заедно со него е уапсен и Душан Босотов, под истото обвинение.

По апсењето Кљусев и Босотов биле изведени пред судија, а подоцна Босотов бил ослободен со 200.000 долари кауција.

Според сојузните американски закони, максималната казна за ова дело е 20 години затвор, а за перење 10 години затвор, пишува Вест.