Синовите на Ел Чапо во заседа ја нападнале мексиканската војска, убиле пет војници

0
232

Синовите на затворениот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман се осомничени дека од заседа нападнале воен конвој во Мексико, при што загинале пет војници, рекоа властите, пренесува Би-би-си.

Нападот во северниот дел на државата Синалоа бил извршен со гранати и пушки.

Напаѓачите успеале да ослободат еден ранет осомничен наркодилер, кој бил фатен претходно и бил носен во болница, јавија официјални лица.

Најмалку 10 лица биле повредени.

Синалоа е упориште на наркобандата порано предводена од Хоакин Гузман. Со прекар „Ел Чапо“, тој беше фатен во јануари.

Властите веруваат дека заседата може да е организирана од неговите синови, за кои се верува дека го имаат преземено водењето на картелот.

„До овој момент ние не сме сигурни за оваа група, но многу е веројатно дека тоа биле синовите на Чапо“, рекол локалниот воен командант, генерал Алфонсо Дуарте.

Војниците патувале во петокот во раните утрински часови во две возила што кога биле нападнати, придружувале амбулантна кола на Црвениот крст.

60 вооружени лица им се нафрлиле на возилата, удирајќи ги војниците и ослободувајќи го осомничениот наркодилер, кој бил носен во болница.

Властите велат дека осомничениот ослободен од напаѓачите е идентификуван како Хулио Оскар Ортиз Вега, познат и како „Ел Кевин“.

Напаѓачите го украле амбулантното возило, а за време на нападот се запалил воен камион.